Реал Мадрид против Наполи во осмина финалето од Лигата на шампиони

Бранителите на трофејот првак на Европа, фудбалерите на Реал Mадрид ќе се состане со Наполи во осмина финалето на Лигата на шампиони, одлучено е денес со жребка во Нион.

Финалистот од минатата сезона Атлетико од Мадрид ќе игра против Баерн Леверкузен.

Освојувачот на Лига Европа, третиот шпански претставник во осмина финалето на Лига на шампиони, Севиља, за противник ќе го има шампионот на Англија, екипата на Лестер.

Манчестер сити ќе се сретне со Монако, додека еден од најинтересните дуели ќе биде оној меѓу Пари Сен Жермен и Барселона.

Бенфика за противник ќе ја има Борусија Дортмунд, додека германскиот шампион Баерн Минхен ќе игра со Арсенал.

Првакот на Италија, фудбалерите на Јувентус ќе играат против Порто.

Првите натпревари ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, а реванш мечевите се на 7,8, 14 и 15 март.