Регистрирани 285 прекршоци за неносење маски во изминатите 24 часа

Регистрирани се 285 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

До граѓаните од Министерството за внатрешни работи денеска апелираат да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.