Регистрирани 445 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие

Регистрирани се 445 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.