Реконструиран тетовскиот Жена парк

Општина Тетово денес организираше свеченост по повод извршената реконструкција на Жена паркот, спроти спортско-рекреативниот центар во градот.

Обновена е тревнатата површина, а се изградија патеки за пешачење и трчање, игралиште за деца и справи за вежбање.

„Граѓаните, а особено децата од денес имаат поширока зелена површина, што е дел од нашата заложба. Сега имаме нова површина која 24 часа ќе биде набљудувана со цел да се заштити. Средствата од 10 милиони денари се обезбедени од општинскиот буџет и Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа“, рече во обраќањето пред присутните Теута Арифи, градоначалник на Тетово.