Референдум во Швајцарија: Граѓаните одлучуваат за ковид пропусниците

LinkSense.mk

Граѓаните на Швајцарија утре на референдум ќе одлучуваат за употребата на ковид сертификатот, кој функционира по ист образец како и во Европската унија.

Швајцарците по втор пат за помалку од два месеца, утре ќе гласаат за Законот за ковид-19, кој не ја регулира само финансиската помош за институциите за култура и угостителските објекти, туку и употребата на ковид сертификатот, кој е компатиилен со апликациите во ЕУ, пишува Дојче Веле.

Без законот за корона вирус, таканареченото правило „3Г“ (вакцинирани, тие кои ја прележале короната и тестирани) повеќе не би можело да се применува за секторот угостителство и при одржувањето на културните случувања.

Како што се наведува, актуелните анкети покажуваат дека Швајцарците ни а овој рефередум ема да гласаат против законот, но противиците се приличо успеши во кампањата против мерките за сузивање а падемијата, па така здружеието „Пријатели на уставот“, основано во текот на пандемијата, за референдумот сора речиси 190.000 потписи.

„Урбаното население е посензибилно и повеќе верува на владините мерки, отколку населението во руралните кантони, посебно во кантоните во германското јазично подрачје. Во нив е традиционално поголема недовербата кон државата“, рече за Дојче Веле професорот по политикологија од Универзитетот во Берн, Марк Билман.

Тој вели дека властите со бесплатно национално јадење, слатки работи и концерти прогласија „национална недела на вакцинација“, но не успеаја да придобијат повеќе од 65 отсто од населението за да се вакцинираат против ковид-19.

Политикологот Билман смета дека кампањата на владата, која чинела цели 96 милиони франци, сепак во некоја рака е успешна затоа што вакцинацијата е тема за која во Швајцарија се дебатира.

Дојче Веле наведува дека дури и ако владата во Берн загуби утре на референдумот, би можела законот и ковид сертификатите да ги остави на сила до пролет, затоа што постојат преодни периоди кои тоа го овозможуваат.