Рибери во Баерн до 2018

Францускиот фудбалер Франк Рибери го продолжи денес договорот со Баерн од Минхен до јуни 2018 година.

Рибери, кој во Баерн дојде во 2007 година од Олимпик од Марсеј, до сега одигра 333 натпревари во дресот на шампионот на Германија и постигна 108 погодоци.

„Многу сум среќен што уште ќе играм во Баерн. Овој град и овој клуб станаа мој дом“, рече Рибери.

Рибери со Баерн освои шест титули во Бундеслигата, пет трофеи во купот на Германија, како и Лигата на шампиони.