Ролан Гарос, полуфинале: Извонредниот Ѓоковиќ го победи Надал

Новак Ѓоковиќ игра тенис како од некоја друга планета. Србинот го победи Рафаел Надал со 3:6, 6:3, 7:6 и 6:2 и ќе се бори за трофејот на Ролан Гарос.

Атомски тенис игра Ѓоковиќ на турнирот. Тој го победи Надал на негов терен, на песок, што е негова империја, но сега Шпанецот наиде на подобар од себе. Не можеше против човекот којшто по којзне кој пат ги помести границите на спортот.

Надал сега има скор од 105:3 во Булоњската шума. Два од трите порази му ги нанесе Ѓоковиќ. Ова за популарниот Ноле беше 81 триумф на парискиот Гренд слем и ќе се бори за втората титула на Ролан Гарос.

Новак покажа дека во овој момент е најдобар, ако не и најдобар тенисер на сите времиња. Да се одигра толку добро против Надал на турнирот на кој Шпанецот се чувствува како дома, го може веројатно само Ѓоковиќ.

Сепак, не изгледаше дека овој дуел ќе има ваков епилог.

Рафа фуриозно го почна нивната 58 пресме, поведе со 0:5, но од тогаш Ноле „тргна“, заигра сјајно, дури би се рекло го даде и надоброто од него. Првиот сет на крајот го загуби со прифатливи 3:6.

После тоа возврати со иста мерка. Тогаш го доби и третиот сет во тај-брејк после голема борба, иако при резултат 5:4 сервираше за сет. Мало се оддолжи работата, но се добро се заврши за него.

Четвртиот сет беше вистинска демонстрација на сила. Надал поведе со 2:0, а тогаш следеа шест врзани гемови на освојувачот на 18 гренд слем титули.

Сега првиот рекет на светот против Рафаел кој, исто така, одигра добар тенис, поведе со 30:28, и го победи првпат на песок после финалето во Рим во 2016 година.

Ѓоковиќ во финалето ќе се сретне со Стефанос Циципас, кој ја брка својата прва гренд слем титула во кариерата.

Новак има прилика да го освои 19 гренд слем трофеј и да дојде на само еден заостаток од големите ривали – Роџер Федерер и Рафаел Надал.

(Фото: АП)