Роналдо – Атлетико 3:0

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија вечерва Атлетико со 3:0 во дерби натпреварот од 12 коло од шпанската Примера.

Сите три гола на „Винсенте Калдерон“ ги постигна Роналдо, во 23, 71 и 77 минута.

Португалецот првиот гол го постигна од слободен удар од околу 25 метри, а вториот од пенал откако претходно врз него беше направен прекршок во шеснаесетникот на домаќините.

Роналдо трет пат ја затресе мрежата на Атлетико после еден контранапад и добрата асистенција од Герет Бејл.

Реал е прв на табелата со 30 бодови, четири повеќе од Барцелона која денес ренизираше со Малага.

Атлетико е на петото место со 21 освоен бод.