Роналдо и Мурињо обвинети за затајување на данок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, затаиле милиони долари данок на заработка со префрлање на пари во странство, се наведува во документите кои протекоа во јавност, пренесува денес Би-Би-Си (ББС).

Роналдо и Мурињо, наводно, префрлале голему суми пари на сметки на Девствените острови.

Наводите се засновани на два терабајти информации кои ги вклучуваат и оригиналните договори.

Роналдо и Мурињо ги негираат наводите.

murinjo-3

„Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо се во потполност во склад со даночните обврски на шпанските и англиските власти. Секоја инсинуација или обвинение за даночно прекршување ќе бидат пријавени на правосудните органи и процесуирани“, се наведува во соопштението на агенцијата која ги застапува Роналдо и Мурињо.

ronaldo

Наводите ги објави меѓународниот конзорциум на новинари кој добил 18 милиони документи.

Иато така, во документите се споменуваат и неколку други врвни фудбалери.

Конзорциумот за европската истражувачка соработка (ЕИЦ) ги вклучува германскиот весник Шпигл, шпанскиот Ел Мундо, холандскиот НРЦ, британскиот Сандеј Тајмс и други.

Тој конзорциум соопшти дека во следните неколку недели има намера да објави серија написи.

murinjo-2

Од ЕИЦ наведуваат дека Роналдо на Девствените острови во 2014 година префрлил 63,5 милиони евра, а дека Мурињо меѓу 2010 и 2013 година, додека работел во Реал, префрлил 12 милиони евра на сметка на швајцарска банка, чиј сопственик е една компанија од Девствени острови.

Од Реал не сакале да одговорат на прашањата за наводите на својот најдобар фудбалер, додека од Манчестер јунајтер соопштиле дека тие наводи се врзани за случувања пред доаѓањето на Мурињо во клубот, и затоа нема да ги коментираат.