Роналдо пред отказ!?

LinkSense.mk

Изгледа и на раководството на Манчестер Јунајтед му дојде преку глава, па однесувањето на Кристијано Роналдо повеќе нема да се толерира. За тоа сведочи и фактот што ѕвездата од „Олд Трафорд“ се најде на клупата за резервни играчи на денешната првенствена премиера против Брајтон и покрај тоа што тренерот Ерик тен Хаг на располагање немаше ниту еден здрав шпиц.

А, замената за Роналдо изгледа веќе е готова…

Имено, како што пренесува „Гардијан“, Манчестер јунајтед подготвил понуда во висина од 12.000.000 евра за докажаниот голгетер Марко Арнаутовиќ, кој оваа година брилираше во дресот на Болоња, која од клупата ја предводи српскиот стратег Синиша Михајловиќ.

Момчето со српски корени, кое игра под знамето на Австрија, веќе настапуваше за Стоук и Вест Хем во Премиер лигата, а во шесте сезони во кои играше во елитното англиско натпреварување постигна 43 гола.

Марко Арнаутовиќ минатата сезона беше еден од најстандардните играчи на Михајловиќ. Тој забележа 32 настапи и како најдобар стрелец на тимот со 14 гола го предводеше клубот од северна Италија во супервозбудливата Серија А.

Со Михајловиќ разви посебен однос, што многупати го потенцираше, но се чини дека е време искусниот шпиц во доцните играчки години да замине на нова дестинација и да игра во „театарот на соништата“.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА/ЕФЕ)