Роналд Куман: „Меси е минато!“

Ако денот се познава по утрото, тогаш „новата Барселона“ ќе биде многу непријатен противник за многумина.

На стартот на сезоната, во првиот официјален натпревар без иконата на клубот, Лионел Меси, совладан е Сосиедад со 4:2.

Тренерот Роналд Куман истакна дека верува во својата екипа и дека се надева на успеси, иако се ослабени од заминувањето на „големиот мајстор“.

Го немаме повеќе Меси, но ги имаме останатите играчи, кои прават силен состав. Имаме тим кој може да освои важни трофеи. Луѓето менуваат екипи и постојат млади луѓе кои имаат иднина и заради нив сум возбуден. Меси е минато, и не можеме да живееме од минатото. Мораме да живееме денес и за утре и да работиме напорно“, се зборовите на Куман.

Сега би требало да се очекува дека поголем простор во играта ќе добие Антоан Гризман, кој сега е прва ѕвезда во тимот, а доста се очекува од младите Педри (18) и Гави (17), кои би можеле да бидат наследници на славниот Аргентинец.

Во секој случај, со заминувањето на Меси во ПСЖ, завршена е една епоха во историјата на каталонскиот клуб, исполнета со четири трофеи во Лигата на шампиони и дури десет во националниот шампионат на Шпанија.