Рузмаринот ја јакне косата

Тенката коса за час изгледа неуредно, затоа што бргу се замастува и се залепува за кожата на главата, што значи дека и е потребно заздравување.

За да ја зајакнете не морате да купувате козметички препарати кои сигурно имаат хемија, туку можете да направете свој, природен.

Пробајте со рузмарин, затоа што тој ја храни косата, ја зајакнува, го стимулира растот и ја прави посјајна.

Помешајте лажичка од оваа билка (сушена) со лажичка камилица и лажичка коприва, а потоа смесата прелијте ја со 100 мл жешка вода.

Во смесата додајте лажичка јаболков оцет и оставете од отстои 20 минути.

Измијте ја косата со шампонот кој инаку го користите, па потоа со направената смеса.

Еднаш неделно повторувајте го овој третман.