Русите удрија на исток, Украинците се смрзнуваат

LinkSense.mk

Откако се повлекоа од Херсон, руските вооружени сили својот фокус го насочија кон Донбас. Москва води кампањата на масовно гранатирање на градови и села во провинциите Доњецк и Луганск, кои заедно го сочинуваат Донбас, источниот дел на Украина, каде што во 2014 година започна судирот меѓу Украина и сепаратистите поддржани од Русија.

Во Доњецк најмногу настрада Авдивка. Тие масовно го гранатираа центарот на градот“, изјави Павло Кириленко, гувернер на областа Доњецк.

Авдивка, последниве месеци се наоѓа на неколку километри од првата линија на фронтот, но и понатаму е во украински раце. Големи артилериски напади се забележани во стратешкиот град Лиман во Доњецк, како и во Бахмут.

Русите продолжуваат да ги гранатираат населбите во близина на линијата на фронтот и да ги бомбардираат критичната цивилна инфраструктура и куќите. Ракетните напади се насочени кон електрани, трафостаници, постројки за природен гас и водоводни системи.

Украинската војска има автономни извори на енергија, така што проблемите со националната мрежа не ги засегаат директно војниците на фронтот.

Сепак, нападите со ракети и беспилотни летала го исцрпуваат украинскиот систем за воздушна одбрана, пишува Јутарњи лист.

Со масовното ракетирање, Русија веројатно сака да ја принуди Украина да преговара за крај на конфликтот според нивните услови.

Првата причина е таа што сакаат да не поразат. Јасно е дека сакаат да наметнат одредени услови, сакаат да не принудат да преговараме“, изјави портпаролот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Јуриј Ихнат.

Нападите во моментов се одвиваат само во правец на Бахмут и Авдивка, и затоа не може да се зборува за нова офанзива на широкиот фронт.

Веројатно е премногу рано да се зборува за офанзива од големи размери. Но, гледаме дека во Донбас се водат жестоки борби. Предната линија на фронтот е донекаде стабилизирана. Сега линијата за контакт е Днипро. Очигледно е дека непријателот спроведува офанзивни акции во правец на Бахмут и Авдивка. Може ли тоа да биде широка офанзива? Времето ќе покаже“, објасни Ихнат.

Според него, Русите ги користат резервите што ги имаа на јужниот фронт и ги преместуваат на источниот фронт, како и дел од вооружените сили кои неодамна завршија обука во Белорусија.

Тоа го потврдува и извештајот на британското Министерство за одбрана, во кој се вели дека Русија најверојатно ги преселила „главните елементи“ на својата воздушно-десантна дивизија на првите борбени линии во Доњецк и Луганск. Нивните главни задачи сега се одбраната на областа Кремин-Сватова во Луганск и зајакнување на офанзивните операции во Бахмут.

За Русија, заземањето на Бахмут може да го отвори патот кон други важни градови во Донбас.

Покрај тоа, приватната воена група Вагнер го смета Бахмут за трофеј и сака со сите сили да го освои за, на некој начин, да ги надомести загубите на друго место и, уште поважно, да го подигне политичкото влијание на основачот на платеничката група, Евгениј Пригожин.

Британското министерство соопшти дека поголемиот дел од воздухопловно-десантски единици, кои сега се наоѓаат во Донбас, биле вклучени во одбраната на западниот брег на реката Днепро во Херсонската област.

Русија беше принудена да ги повлече своите сили од западниот брег и да ги стационира на источниот по успешната украинска контраофанзива.

Херсон, единствената регионална престолнина која Русија успеа да ја заземе од почетокот на инвазијата, беше ослободен на 11 ноември.

Претседателот Владимир Путин во јуни изјави дека крајната цел на војната во Украина е ослободување на Донбас, заштита на неговиот народ и создавање состојба која ќе гарантира безбедноста за Русија.

Кога Путин зборува за Донбас, тој не мисли само на украинското подрачје за производство на јаглен и челик, туку и на стратешки важниот источен дел на Украина, што се протега од Мариопол на југ па се до северната граница со Русија.

Заземањето на целиот регион Донбас ќе и овозможи на Русија да изгради „копнен мост“ до анектираниот Крим, витален воен и трговски центар за Москва на Црното Море.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Би-Би-Си)