Русија ислучена од Советот за човекови права на ОН

LinkSense.mk

Генералното собрание на Обединетите нации изгласа суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН за време на вчерашната седница во Њујорк. Собрание гласаше за суспензија на Русија поради извештаите за „грубо и систематско кршење и прекршување на човековите права“ за време на инвазијата на Украина од страна на руските воени сили.

За предлогот на САД гласаа 93 земји, 24 гласаа против, а 58 земји беа воздржани, пренесува „Гардијан“. Во нацрт-резолуцијата, Генералното собрание на 193 земји-членки изрази „сериозна загриженост поради тековната криза за човековите права и хуманитарната криза во Украина“, особено поради извештаите за кршење на правата од страна на Русија.

Против суспензијата на Русија беа Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Кина, Конго, Куба, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Централноафриканската Република, Северна Кореја, Таџикистан, Узбекистан , Виетнам и Зимбабве.

Земјите како Индија, Египет и Јужна Африка се меѓу оние кои беа воздржани.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија гласаа за суспензија на Русија.

Пред гласањето, украинскиот амбасадор во ОН, Серхиј Кислитсја, ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето за наводните убиства на цивили во градот Буча.

Рускиот претставник Генадиј Кузмин го осуди гласањето, а некои други земји, вклучително и Северна Кореја и Сирија, го поддржаа во тоа.

Дмитро Кулеба, украински министер за надворешни работи, по гласањето изјави дека е „благодарен“ на земјите-членки на ОН што ја „избрале вистинската страна на историјата“ и гласале за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Воените злосторници немаат место во органите на Обединетите нации чија цел е заштита на човековите права“, рече Кулеба. .

Русија во средата ги предупреди земјите-членки на ОН дека доколку гласаат за или воздржани за барањето на САД да бидат суспендирани од Советот за човекови права, тие ќе го сметаат тоа за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи.

Москва се закани со последици

Соединетите Американски Држави во понеделникот објавија дека ќе бараат Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН, откако Украина ги обвини руските војници за убиство на стотици цивили во Буча.

Руската мисија при Обединетите нации, пак, ги повика државите „да се спротивстават на антируската резолуција“.

Вреди да се спомене дека не само поддршката за оваа иницијатива, туку и еквидистантната позиција во гласањето (воздржаност или неучество), ќе се смета за непријателски гест“, се вели во нотата.

Покрај тоа, позицијата на секоја земја ќе биде земена предвид при развојот на билатералните односи и во работата на прашања кои се за нив важни во рамките на ОН“, додаде тој.

Очигледната и отворена закана на Русија за земјите кои ќе гласаат да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН е само нов доказ дека Русија мора веднаш да биде ислучена од Советот за човекови права на ОН“, рече во средата Оливија Далтон, портпарол на американската мисија при Обединетите нации.