Русија ја испразни чешката амбасада во Москва

После протерувањето од Русија на службеници од амбасадата на Чешка во неа ќе останат само пет дипломати, им соопшти на новинарите шефот на меѓународното одделение на админисјата на чешкиот претседател Рудолф Јиндрак.

Во тие пет службеници кои остануваат во Москва е и самиот амбасадор. Според негови зборови, амбасадата во Москва ќе ја напушти „цел политички дел“. Јиндрик изрази чудење затоа што руската страна протерала двајца дипломати повеќе, отколку Чешка.

„Дадени им се 24 часа за да ја напуштат територијата на Русија, додека руските дипломати (кои се протерани од Чешка) имаат 48 часа“, додаде тој.

Да потсетиме, Министерството за надворешни работи на Русија објави синоќа дека 20 службеници од амбасадата на Чешка се персона нон грата, еден ден откако чешкиот премиер Андреј Бабиш соопшти дека Прага ги сомничи руските разузнавачки служби дека се одговорни за експлозијата во магацинот за муниција во селото Врбјетици во 2014 година. Истиот ден, чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек изјави дека неговата држава протерува 18 руски дипломати.