Руската државна банка под невиден хакерски напад

LinkSense.mk

Втората по големина руска банка „ВТБ“ е погодена од досега најголемиот сајбер напад во својата историја, објави денеска, предупредувајќи на привремени тешкотии во пристапот до нејзината мобилна апликација и веб-страница, но уверувајќи ги клиентите дека нивните податоци и понатака се безбедни.

Државната „ВТБ“ соопшти дека одбива дистрибуиран напад за скратување на услуга (DDoS), во кој хакерите се обидуваат да ја преплават мрежата со невообичаено големи количини на сообраќај на податоци со цел да ја парализираат.

„Технолошката инфраструктура на банката е под сајбер напад без преседан од странство. Најголем не само оваа година, туку од постоењето на банката“, се вели во соопштението на „ВТБ“.

Руските владини субјекти и државните компании се цел на вакви напади поради настаните во Украина.Интернет страниците на Кремљ, водечкиот превозник Аерофлот и најголемата кредитна банка „Сбербанк“ се меѓу оние кои доживеале исклучување или привремени проблеми со пристапот.

Хакерите, исто така, го одложија почетокот на говорот на претседателот Владимир Путин на годинешниот главен руски економски форум.

Во меѓувреме, проруски хакери ја презедоа одговорноста или беа обвинети за нападите врз веб-страниците и инфраструктурата во Литванија, Норвешка и САД оваа година.

„ВТБ“ соопшти дека повеќето од нападите биле од странство, но дека е особено загрижена за сообраќајот од руските ИП адреси. Тие рекоа дека сите идентификувани руски ИП адреси на напаѓачите ќе и ги предадат на полицијата.