Руски вирусолог тврди: Секое осмо дете пати од постоковид синдром

LinkSense.mk

Речиси секое осмо дете во Русија, што е околу 13 отсто од децата, боледува од постковид синдром, изјави денеска специјалистот за заразни болести и вакцини Јевгениј Тимаков.

Тимаков за радиото „Вести ФМ“ рече дека кај децата, кои спаѓаат во ризичните групи, односно оние кои се подебели и боледуваат од хронични болести, бележат тешки облици на корона вирус.

„Околу 13 отсто од децата патат од постковид синдром, како и возрасните“, наведе тој.

Што се однесува до вакцинацијата на деца, вели дека има амбивалентен став кон тоа прашање.

Тимаков истакна дека се залага за вакцинација на децата кои немаат антитела на корона вирус, но не и за оние кои имаат имунитет на него.

„Во овој случај, ќе биде потребна вакцинација за ризичните групи или за оние кои не биле во контакт со вирусот. Значи, ќе биде потребна селективна вакцинација“, смета Тимаков.

Во Русија од почетокот на пандемијата се евидентирани повеќе од осум милиони заразени со ковид-19, а починаа 230.600 луѓе.

Рускиот претседател, Владимир Путин, одобри затварање на одделни работни места, во првата недела на ноември, а Москва ќе биде под локдаун од 28 октомври. Отворени ќе можат да бидат само продавниците за основни намирници и аптеките.

 

 

 

(Фото: АП)