Руски математичари „отклучија“ емигма стара 600 години

Научниците од Институтот за применета математика „М.В. Келдиш“ при Руската академија на науките дојдоа до заклучок дека прочуениот „Ракпис на Војнич“ е всушност сплет на два јазика со пропуштени самогласки и лажни растојанија меѓу зборовите.

Ракописот кој што се чува во библиотеката за ретки книги на Универзитетот Јеил, а кој го добил името по Вилфрид Војнич, полски трговец со книги којшто истиот го купил во 1912 година, е илустриран средновековен кодекс од непознат автор, а се претпоставува дека е напишан на северот на Италија во раниот 15 век (меѓу 1404 – 1438 година).

Сите обиди овој единствен документ да се дешифрира беа неуспешни. Го проучуваа многу професионални и аматерски криптографи и криптоаналитичари. Последниот заклучок на британскиот научник Гордон Раг бил следниот:

„Ракописот на Војнич можел да го измисли секој кој барем малку се разбира во едноставни методи за копирање на текст. Невозможно е да се дешифрира овој текст.“

Руските математичари себе си си поставија задача да проучат дали документот е мистификација, бесмислен ред на знакови или, сепак, е шифриран текст. На кој јазик е напишан?

misterija 1

Научниците претпоставувале дека во зборовите им се заменети букви, дека постои дел од текстот како „шифрарник“ или „речник“ за разбирање на ракописи, дека се работи за сплет на два јазика, дека има лажни растојанија меѓу зборовите. Останува, значи, прашањето уште за кои јазици се работи.

Анализата на структурата покажала дека 60 проценти од текстот најверојатно е напишано на англиски или германски јазик, а 40 проценти на италијански или шпански, иако можеби се работи и за латински.

„За жал, да се дешифрира текстот незнаејчи ги пропуштените самогласки е невозможно. Јас можам да ви наведам една варијанта на текст, а друго стручно лице од тие зборови ќе извлече сосема друга смисла“, вели Јуриј Орлов, доктор за физичко-математички науки, соработник на Институтот за применета математика „М.В. Келдиш“ РАН.

„Не знам колку денес е важно да се разбере овој текст, зошто, ако судиме по илустрациите, се работи за совети во кој период од годината да се сади мак за да добиеме опиум. За нас математичарите најважно е да ги провериме нашите математички инструменти, да дознаеме дали сме во состојба да го препознаеме јазикот. Следниот чекор е да сфатиме кои се тие два јазика“, посочува рускиот математичар.

„Ракописот на Војнич“ го проучувале криптографи, вклучувајќи американски и британски криптоаналитичари од двете светски војни.

Никој до сега не успеа да го дешифрира текстот, кој стана многу познат случај во историјата на криптографијата. Мистеријата на значењето и потеклото на ракописот побуди мечта во популарната култура, што покрена пишување на роман, разни шпекулации со осврт на содржината на ракописот и слично.

Ниту една од бројните хипотези предлагани во текот на последните сто години сеуште не е официјално потврдена.