САД загрижени: Кина гради нова воена база во Африка

Кина сака да отвори поморска база на африканското крајбрежје на Атлантикот, тврди американскиот генерал Стивен Таунзенд, командант на Американско-африканска команда.

„Кина веќе контактирала со земјите во тој регион, за да направи поморска база која би можела да прима носачи на авиони и подморници. Тие бараат место каде што ќе можат повторно да ги вооружат и да ги поправат воените бродови. Тоа би можело да им биде од корист во случај на воен конфликт“, изјавил Таунзенд во интервју за АП.

Американскиот генерал тврди дека Кина разговарала со сите држави, долж Атлантикот, од северот до југот на Африка, од Маунтанија до Намибија.

Тој наведува дека Кина, која ја направи првата база надвор од својата територија во Џибути во 2016 година, на истокот на Африка, сега е на пат тоа да го направи на западниот брег на тој континент. Патем, додава дека Кина ја проширува базата во Џибути, која веќе сега има 2.000 војници.

„Кина ги надмудри Соединетите Американски Држави во некои африкански држави. Пристанишните проекти, економските потфати, инфраструктурата и нивните спогодби и договори ќе доведат до тоа да имаат подобри позиции во Африка, за што полагаат голема надеж“, тврди генералот Таунзенд.

(Фото: ЕПА/илустрација)