САД изгласаа влез на Црна Гора во НАТО

Американскиот Сенат го ратификуваше протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.

Резолуцијата е усвоена со 97 гласови „ЗА“ и двајца (Ренд Пол и Мајк Ли) „ПРОТИВ“.

За завршување на процедурата за ратификација на протоколот во САД потребен е уште само потписот на претседателот Доналд Трамп.

„Сенатот речиси едногласно испрати јасна порака дека стои цврсто зад Црна Гора, а против застрашувањето од страна на Кремљ“, изјави за „Гласот на Америка“, демократската сенаторка Џин Шахин.

Републиканскиот сенатор Рон Џонсон предупреди на опасност по светскиот мир која доаѓа од Русија „под водство на Владимир Путин“.

„Наводната поддршка на Русија во обидот за пуч во Црна Гора не смее да биде наградена така што НАТО ќе го сврти грбот на земјата која покажа толкава храброст да се спротивстави на руската агресија“, рече Џонсон, веднаш по ратификувањето на договорот.