Саем на мебел во Скопје

Над 400 изложувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина и Словенија ќе се претстават на 43. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, што ќе се одржи од 21 до 26 март во Скопје.

Веќе две години по ред изложбениот простор опфаќа 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Годинава во состав на Саемот за мебел ќе учествуваат и „Урбанолд“ кои повеќе години редизајнираат стари парчиња мебел.

Исто така, традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории: производители и трговци.