Санкционирани 158 возачи во Скопје, 67 за брзо возење

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67, 13 санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.