Сарацин во Скопје на средба со Маричиќ за францускиот предлог

LinkSense.mk

Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), планирано е Сарацин да се сретне и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Маричиќ и Сарацин ќе разговараат и за состојбите во регионот, а по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

„По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции, наведува СЕП.

 

МИА