Свеж изглед со три потези

LinkSense.mk

Повеќето жени имаат проблем со скривање на подочниците или други траги на замор на лицето.
Ако тоа и вам ви се случува, овие неколку совети на холивудските шминкери, сигурно ќе ви помогнат во борбата со заморот.

*Нанесете неколку слоеви коректор за очи, но немојте да ги мешате. Најнапред подвлечете тенка црта под очите и пуштете добро да се исуши. Потоа, со голема четка поминете го пределот околу очите се додека во потполност не ги камуфлирате подочниците и изедначете ги со бојата на кожата.

*Користете најсветло руменило кое на вашето лице ќе му даде одморен изглед и ќе го зарумени толку за да изгледа природно и свежо.

*На крајот со прст нанесете тенок слој бела или сребрена сенка во внатрешниот агол на окото. Тој дискретен отсјај на светлоста дополнително ќе го „освежи“ вашиот изглед.