Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата во Авганистан (во живо)

Во касарната „Илинден“ се одржува свечена церемонија по повод завршувањето на учеството на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан ,на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката Радмила Шекеринска.

На свечената церемонија присуствуваат началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД Кејт Брнс и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.

 

МИА