СДСМ: Заедно ги почнавме промените и заедно ќе ги овозможиме

Празниците како овој голем христијански празник, христовото воскресение – Велигден, се поттик да се потсетиме на нашите должности како граѓани. Тоа значи грижа за себе, но и почит, грижа и разбирање и за луѓето со кои го споделуваме животот, велат од СДСМ.

„Граѓаните на Македонија се пред шансата да го живеат својот живот, по своја сопствена волја, без директиви, уцени, притисоци. Заедно ги почнавме промените што водат до квалитетен живот за сите, правда, слобода, еднаквост и заедно треба да ги овозможиме,“ се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз.