СДСМ: Изборите во Штип покажаа дека расте довербата на граѓаните во СДСМ

Скопје, 16 декември 2020

Предвремените избори за градоначалник на Штип покажаа дека довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте.

Со освоени речиси 12 илјади гласови, СДСМ во Штип на фер и демократски избори, безбедни за здравјето освои повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 5 месеци.

Токму ова е потврда за одлучните, државнички политики на СДСМ, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани.

Граѓаните дадоа силна поддршка на чесните и одговорни политики на СДСМ, покажаа доверба во институциите што ги води Владата предводена од СДСМ, во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува.

Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата.

Уште една важна порака од локалните избори во Штип е дека граѓаните ги поразија сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека не сакаат кочење, ниту блокади.

Изборите во Штип потврдија–расте довербата во СДСМ!

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста