СДСМ тргнува од Прилеп, а ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Денеска официјално почна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Во согласност со Изборниот законик, кампањата почнува три недели пред денот на изборите и трае 20 дена, до полноќ на 9 декември, кога стапува на сила изборниот молк.

Во изборната трка учествуваат 11 различни подносители на кандидатски.

zbogar

Евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека очекува предизборната кампања да биде фер и партиите во неа на најдостоинствен начин да ги претстават своите програми во врска со иднината на земјата.

Жбогар по којзнае кој пат нагласи дека иднината на евроатлантските ингеренции на земјата зависи од овие избори, кои, како што потенцираше, ќе бидат набљудувани од голем број меѓународни претставници.

СДСМ ја почнува кампањата од Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ заедно со политичките партнери од коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва одржува митинг плоштадот во Охрид.

gruevski-miting

Од Охрид тргнува и караванот на коалицијата „ВМРО за Македонија“.

ДУИ за „стартно место“ за престојните избори го избра Липково.