СДСМ „ја напаѓа“ разликата од 306 гласа во „6-ка“

Државната изборна комисија со шест гласа за и три против го усвои приговорот на Движење Беса и донесе одлука да се прегласа во гласачкото место 0396/1 во Гостивар.

Оваа одлука на ДИК доаѓа откако графологот кој го вештачеше потписот на Фатиме Сулејмани потврди дека некој гласал наместо неа.

Против прогласување гласаа Силвана Бонева, Сашко Срцев и Атанас Урумов.

На ова избирачко место од запишани близу 900 гласачи гласале 450. Тука СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 102 наспроти 74 гласови.

Со прегласување, ако СДСМ добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата во целата шеста изборна единица е 306 гласа.

Фото: НоваТВ.мк