СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управен суд

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе 4 тужби до Управниот суд до крајот на денот што се однесуваат на гласањето во избирачки места во шестата изборна единица.

Судот, според Петре Шилегов, портпарол на партијата, е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите.

Државната изборна комисија, напомена тој, не одговорила на сериозната задача за заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите.

„Режимот е скршен. Завршено е со Груевски во политиката. ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните“, рече Шилегов.