СЕБИЧНА ДИВА: Нејмар пак фатен во ноќна прошетка

LinkSense.mk

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар повторно се најде на удар на критики за своето однесување, после поразот на Пари Сен Жермен од Баерн (0:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Француските медиуми објавија дека Бразилецот после натпреварот со Баерн се проведувал на турнир во покер, а потоа со својата бразилска свита отишол во ресторан за брза храна.

Нејмар, наводно, платил 10.000 евра за учество на турнир во покер во париско казино, пред да оди во париски „Мекдоналдс“, подоцна истата вечер.

„Ноќниот излет“ на Нејмар дојде само неколку часа откако Килиан Мбапе по поразот од Баерн истакна дека за „враќањето на екипата во добра форма важно е добро да се јаде и спие“.

Поради своето однесување и лошата форма, Бразилецот се најде на удар на медиумите и навивачите.

„Нему едноставно не му е грижа за фудбалот, тој живее за да ужива, но тоа е нечуено со оглед на платата која ја има“, напиша еден навивач на парискиот клуб.

„Ова е толку непрофесионално, но има уште многу кои го бранат. Нејмар е егоистична, себична дива“, додаде друг.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Инстаграм)