Северна Кореја подготвува нуклеарен тест

LinkSense.mk

Обединетите нации предупредија дека Северна Кореја во моментов се подготвува за својата прва нуклеарна проба од 2017 година.

Изминатите месеци се забележани градежни работи на подземна инсталација за тестот на северот од земјава.

Работите на полигонот за нуклеарно тестирање ‘Пунгје-ри’ го отвора патот за дополнителни нуклеарни тестови за развој на нуклеарно оружје“, се вели во доверливиот извештај на Обединетите нации, чии делови беа достапни на агенцијата ДПА.

Сателитските снимки од местото сугерираат дека Северна Кореја ја поправала својата мрежа на тунели во Пунгје-ри, како и дека ги обновила објектите на таа локација што беа урнати во 2018 година за време на преговорите со Соединетите Американски Држави.

Според извештајот на ОН, кои ги покрива активностите во изминатите неколку месеци, капацитетот на производство на фисијски материјал, исто така, е зголемен во нуклеарната постројка „Јонгбијон“.

Набљудувачите со месеци се загрижени дека после бројните ракетни тестови на Пјонгјанг, првата нуклеарна проба на Северна Кореја по речиси пет години би можела да биде неизбежна.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) од јуни ги истакнува активностите во Пунгје-ри, каде Северна Кореја од 2006 до 2017 година изврши шест нуклеарни експлозии.

Владата во Пјонгјанг е ставена под строги санкции поради нејзините програми за нуклеарно оружје и балистички ракети.