Серија А: Јувентус се поблиску до титулата

LinkSense.mk

Фудбалерите на Јувентус ја победија во Торино Сампдорија со 3:0, во 33 коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ немаше многу проблеми против Сампдорија, иако до водачкиот гол се чекаше се до 45 минута, кога Марио Манџукиќ го искористи додавањето од Даглас Коста.

Јувентус предноста ја зголеми во 60 минута со погодокот на Бенедикт Ховедес, а конечниот резултат го постави Сами Кедира со гол во 75 минута.

Со овој триумф Јувентус стекна шест поени предност во однос на Наполи кој, пак, на свој терен играше нерешено, без голови, со Милан.

Истиот резултат од Наполи беше виден и во Фиренца, каде што играа Фиорентина и Спал, додека Болоња со 2:0 ја совлада Верона, а Сасуоло и Беневенто играа нерешено 2:2.

 

(Фото: АП)