Се би дале за вечна младост

LinkSense.mk

Што би направиле за да го запрете стареењето? Дали би јаделе бубачки, скокале од авион, би си отсекле себе си прст?

Многумина би ги направиле овие работи, покажала студијата „Потера за младоста“, во која учествувале 2.000 Американци.

Испитаниците одговарале на прашањето што се би направиле за да остварат вечна младост, виткост и сексуална потенција.

Изненадувачки или не, луѓето најлесно би се откажале од саканото јадење.

Дури 59 отсто од испитаниците би го жртвувале оброкот во кој уживаат за доживотен тенок изглед.

Најмалку им е, очигледно, важен сексот затоа што само 40 проценти од луѓето би ја жртвувале саканата храна за потенција.

Од листата на екстремни активности кои би ги превзеле за вечна младост, секое трето анкетирано лице избира скок од авион, 32 отсто би изеле 100 бубашваби, 31 отсто би се откажале од сетилото за вкус, секој четврти вели дека би пливал со ајкули, а 18 проценти сакаат да си отсечат прст.

Листата на бизарности, меѓутоа, тука не запира.

Шест отсто од испитаците се заколнаа дека повеќе нема да се тушираат, два отсто би се откажале од сетилото за слушање, додека еден процент е подготвен да ослепи.

Од сите старосни групи, тие до 30 години најповеќе сакаат „вечна младост“ и најдалеку одат во желбата да ја добијат.

А, кога станува збор за половата поделба, мажите најповеќе би јаделе бубашваби, би скокале од авион, пливале со ајкули, би си го отсекле прстот, дури и би се откажале од технологијата и би живееле како во „камено време“.

На прво место на екстремни активности кај понежниот пол е скок од авион, потоа следи пливањето со ајкули, јадењето бубашваби, а на четврто место е одрекувањето од мажење.