Се бришат лозинките за пристап до Фејсбук?

 

Фејсбук во текот на својата годишна конференција за развојни програмери – ФБ, претстави сервис кој се смета за преодно решение кое со време ќе овозможи целосно укинување на лозинки.

Сервисот Delegated Account Recovery моментално е во затворена бета фаза од развојот и е замислен да овозможи замена на лозинките за пристап на разни сервиси со онлајн корисничкото име и лозинка која ја користите при логирање на Фејсбук, поточно Фејсбук треба да го замени меилот и телефонскиот број при потврдување на идентитетот со двостепена проверка.

Во Фејсбук се сигурни дека таквиот пристап е побезбеден од ресетирањето на лозинката на маилот и постабилен од користење на телефонскиот број, како и дека е поволен за луѓе кои почнуваат да користат интернет и имаат кориснички профил на Фејсбук, но не и меил адреса или број на телефон.

Како некој може да се ресетира на Фејсбук без меил адреса или број на телефон, не открија.

ТакаDelegated Account Recovery би можел да знае кога го користите за пристап на е-банкарство, но не би ги преземал податоците поврзани за вашата банкарска сметка.

За да се намали можноста од злоупотреба, ќе бидат поставени мерки за заштита како ограничување на бројот на сервисите на кои можете да го обновите пристапот одеднаш, како и аларми во случај на сомнителни активности.

Развојните прoграмери моментално мора да се пријават за да можат да ја користат новата алатка, но во Фејсбук планираат тоа да биде софтвер со отворен код. Решението на Фејсбук е само едно во низата обиди за отстранување на лозинките во работата со компјутери и паметни телефони, со кои моментално доминираат биометриски решенија, како отпечаток од прст, скенирање на ретината и препознавање на лица.