Се воведуваат рестриктивни мерки на Јадранот

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави денеска дека Штабот за цивилна заштита ќе воведе нови рестриктивни мерки на Јадранот за да се ограничи ширењето на корона вирусот.

Тој на отворениот дел на седницата на владата предупреди на значителниот пораст на нови случаи, посебно во туристичките места долж Јадранското море.

После девет добри недели, во последните три имавме стагнација на нови случаи, сега имаме првпат еден значителен пораст. Треба да бидеме внимателни. Воочливо е дека бројот на заразени доаѓа од четири далматински жупании и туристички дестинации и заради тоа Штабот во тој делна Хрватска ќе воведе дополнителни епидемиолошки мерки за да се лимитира ширењето на заразата“, наведе Планковиќ.

Рече дека мора да се гледа целината на одговорноста, како и тоа дека постои одговорност на локалните жупаниски штабови.

Мислам дека новата одлука на Штабот ќе ја намали недореченоста кај локалните и шупаниските штабови кои некогаш се контрадикторни“, истакна Пленковиќ.

Што се однесува до вакцинацијата, хрватскиот премиер посочи дека тој број е над 1,6 милиони имунизирани граѓани, но дека и понатаму има од оние кои се во дилема и имаат страв.

Тој ги повика нив, како што рече, довербата да им ја поклонат на струката и предупреди дека од 100 отсто хоспитализирани, 94 отсто не биле вакцинирани.