Се одложи судењето на Стевчо Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување

LinkSense.mk

Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено.

Стевче Јакимовски, на вториот ден откако ја превзеде градоначалничката функција, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Сепак Јакимовски не се задржа долго во судница, бидејќи неговиот адвокат Виктор Цветковски не се појави на рочиштето.

Обвинетиот појаснил дека неговиот адвокат бил во контакт со заразени од Ковид-19, односно целата негова фамилија била заразена.

Судијата Осман Шабани побарал Јакимовски да се слушне со неговиот адвокат и да го информира судот дали е заразен и дали се наоѓа во изолација.

На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош. Обвинението за овој случај беше поднесено во 2019 година, а оттогаш се одржале неколку судски рочишта.

Но, од пред неколку месеци предметот е вратен од почеток, бидејќи судијата Горан Бошевски беше разрешен, а предметот го наследи судијата Осман Шабани.

Освен Јакимовски, во овој случај обвинети се уште 10 лица, од кои петмина признаа вина и се спогодија со обвинителството.