Се планира тринеделно затворање на Париз

Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар најави дека ќе побара од француската Влада план за превентивно тринеделно заклучување на главниот град.

– Идејата е да се создаде можност за се повторно да се отвори, вклучително баровите, рестораните и театрите, истакна Грегоар.

Во Франција од 15 декември во сила е полициски час, а баровите, рестораните, театрите, музеите се затворени со цел да се спречи ширење на Ковид-19.

Претходно францускиот премиер Жан Кастекс најави заклучување на Париз и 19 други региони за време на викендите од почетокот на март, ако продолжи ширењето на инфекцијата.