Се подобрува епидемиолошката слика во Грција

На грчкиот остров Калимнос се укинуваат епидемиолошките мерки, соопшти денеска Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

Таа одлука, се наведува, донесена е врз основа на подобрувањето на епидемиолошката слика, пренесува АНА.

„Калимнос доживеа тешка состојба, но од денеска животот тука, на островот, се враќа во нормала“, изјави заменикот на министерот за цивилна заштита и кризна состојба, Никос Харидис, и додаде дека апелира, сите да бидат внимателни и да ги избегнуваат собирите кои можат да предизвикаат дополнителни неволји на островот.