Се собираат докази за дисциплинска одговорност за Рускоска

LinkSense.mk

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката.

„Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка“, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Рускоска.

По тврдењата на обвинителката Рускоска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството со кое таа раководеше, Јовески се правдаше дека тоа било заради состојбата со пандемијата со корона вирусот.

„Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите. Тоа беше така заради состојбите со Ковид-19“, рече Јовески.

Републичкиот јавен обвинител минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

 

 

 

 

(Фото: Нова ТВ)