Се тресеше Херцеговина

Попладнево околу 17 часот Мостар го погоди земјотрес, а според податоците од страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар станува збор за потрес со јачина од 3,7 според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на четири километри од Љубишко, поточно кај водопадот Кравица, на длабочина од два километра.

Земјотресот се почуствува и во Широк Брег, Чапљина, Неум и неколку блиски места.