СЗО: ВО светот во изминатиот ден повеќе од 740 илјади новоинфицирани со Ковид-19

Во изминатите 24 часа, во светот се потврдени повеќе од 740.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, додека повеќе од 12.500 лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците на СЗО во претходниот ден евидентирани се 740.221 нови случаи, а починале 12.502 лица. Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милиони заболени.

Најголем број на новоинфицирани лица е регистриран во Јужна и Северна Америка, повеќе од 62 отсто, или 477.794. Следува Европа со 165.584 и Југоисточна Азија со 27.828 нови случаи.