СЗО предупредува: Летните фестивали и забави ќе ги прошират мајмунски сипаници

LinkSense.mk

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можното ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите големи собири планирани ова лето во Европа.

Потенцијалот за ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, рече Ханс Анри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани во следните неколку месеци можат да бидат прилика и за „подигнување на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ меѓу младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

Круге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Ова е нумерички и географски најголемото ширење на овој вирус надвор од Западна и Централна Африка, подрачја во кои што мајмуните сипаници се ендемски.

Тој верува дека на брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа во последните неколку месеци придонело укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус. Иако голем број досегашни инфекции се поврзани со сексуална активност, Клуге нагласува дека со вирусот може да се зарази кој било.

Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за јавно здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирус, рече Клуге.

Но, посебно е важно да се нагласи дека сè уште не знаеме дали ќе можеме целосно да го потиснеме ширењето на вирусот“, додаде тој.