Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтерова скала го погоди брегот на јужниот дел од Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а чилеанските власти ја отфрлија и опасноста од појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површината на земјата и околу 163 километри северозападно од Валдивија во Тихиот Океан.