Сити не го пушта Пеп Гвардиола

LinkSense.mk

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со клубот до 2025 година, соопшти денеска англискиот шампион.

Шпанскиот стручњак имаше договор до крајот на сезоната, но реши да ја продолжи соработката со „граѓаните“ на уште две години.

Тој го презеде Манчестер сити во 2016 година, а оттогаш со англискиот клуб освои 11 трофеи, четири титули во Премиер лигата, четири титули во Лига купот, два Комјунити Шилдс и еден ФА Куп.

Многу сум задоволен што останувам во Манчестер сити уште две години. Не можам доволно да им се заблагодарам на сите во клубот што ми ја дадоа довербата. Од првиот ден почувствував нешто посебно овде. Не можам да бидам на подобро место“, изјави Гвардиола.

Пеп истакна дека ја продолжил соработката со Сити, бидејќи сака да продолжи да се бори за трофеи.

Пред клубот од „Етихад“, Гвардиола беше тренер на Барселона и Баерн.