Сијарто во посета на Македонија, ќе предаде донација во вакцини за МВР

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна посета на државава, при што ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Донацијата на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе ја преземат министрите за надворешни и за внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски.

Предвидена е и тет-а -тет средба на Сијарто и Османи по која ќе одржат прес-конференција, како и пленарни разговори помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете држави.