Сијарто: Нема политика во барањето на Груевски за азил

LinkSense.mk

Барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и унгарските власти за него ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.

Ваква порака унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто му пренел на својот македонски колега Никола Димитров во телефонскиот разговор утрово, информира унгарското МНР.

Во разговорот  Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интегрцијата во ЕУ и НАТО.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил.

„Со оглед дека 10-тина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграции и азил во Будимшпешта, соопштија од кабинетот на Орбан, нагласувајќи дека продолжува унгарската поддршка за Македонија која, како што е наведено, е стратешки пратнер и сојузник на Унгарија