Скандал во Италија: Суспендиран кандидат за пратеник заради величање на Хитлер

LinkSense.mk

Партијата Браќата на Италија, која се очекува да победи на изборите во Италија овој викенд, денеска суспендираше еден од своите кандидати за пратеник, откако беше откриено дека тој во онлајн преписка го величел Адолф Хитлер.

Браќата од Италија имаат корени од неофашистичката група основана после Втората светска војна, а нивната лидерка Џорџа Мелони се очекува да биде новиот италијански премиер, според сегашните анкети.

Мелони се обидува да се одвои од екстремната десница и вели за својата партија дека е главно конзервативна.

Критичарите, меѓутоа, предупредуваат дека симпатизери на фашизмот ги пополнуваат редовите на Браќата од Италија.

„Република“ неделава објави коментар објавен на социјалните мрежи пред осум години, напишан од кандидатот на браќата на Италија на изборите, Калогеро Писано, во кој го фали Хитлер како голем државник.

Коментарот предизвика незадоволство кај Евреите во Италија.

„Идејата оние кои го слават Хитлер да седнат во новиот состав на парламентот е неприфатлива“, напиша на Твитер, Рут Дуреџело, претседател на еврејската заедница во Рим.

Писано се извини за својата изјава и на Фејсбук напиша дека е „длабоко погрешна“, а тој коментар пред извесно време го повлекол.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ПОЛИТИКО)