Скандал во НБА: Вејтерс предозиран со бомбони полни со ТХЦ

Случајот со Дион Вејтерс сепак не е така смешен како што изгледаше на самиот почеток. Првичните информации беа дека кошаркарот на Мајами Хит се предозирал со гумени бомбони.

Веста на американските медиуми главно била сфатена како шега, па така имаше разни пишувања на социјалните мрежи.

Меѓутоа, еден ден подоцна била откриена целата вистина. Не се во прашање гумени бомбони, туку бомбони со екстракт ТХЦ. Тој прво доживеал напад на паника, а после тоа ја загубил свеста и паднал во безсознание.

Вејтерс оваа сезона веќе влегуваше во судир со луѓето во клубот, беше суспендиран на почетокот на сезоната заради „однесувања штетни за екипата“, односно за расправија со тренерот Ерик Солстром.

Како што моментно стојат работите, сега гхо чека нова казна, а веројатно и долга суспензија.