СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛ: Мукоко лажел за годините!?

LinkSense.mk

Во центарот на збиднувањата повторно е еден играч со африкански корени, и тоа ни повеќе ни помалку туку, според многумина, најголемиот светски талент, Јусуфа Мукоко, фудбалер на Борусија од Дортмунд и напаѓач на германската репрезентација. 

Мукоко се пресели во Германија во 2014 година. Роден е во Камерун.

Германските медиуми пренесуваат приказна во која се сомневаат дека тој нема 18 години, туку четири повеќе.

Билд“ тврди дека минатата година бил пронајден извод од матичната книга на родени на фудбалер по име Јусуф Мохамаду, роден 2000 година, и дека тоа е „вистинскиот Мукоко“.

По тој повод „Дејли мејл“ ги контактираше челниците на Германскиот фудбалски сојуз, кои не сакаа да ја коментираат оваа информација.

Бројни големи клубови беа заинтересирани за Мукоко, но после ова веројатно повеќе ништо нема да биде исто.

Имено, раководствата на Челзи и Њукасл се откажаа од ангажманот на фудбалерот на Борусија со камерунско потекло.

Интересно е и тоа што минатата недела на подготовките на репрезентацијата на Камерун до 17 години беше откриен скандалозен податок – дури 21 од 30 фудбалери немаат право на настап поради возраста.

Тренерот Жан Пјер Фијала брзо реагираше и ги смени играчите, а потоа се дозна дека меѓу новоповиканите има дури 11 кои, исто така, се премногу стари за таа селекција.